„Сервисот на Ивановски не требаше да биде признаен“

Младиот макеоднски тенисер Калин Ивановски беше главна вест на вчерашниот ден на Вимблдон откако на меч топка во мечот од 2. коло на јуниорскиот терен одигра сервис под нога со кој го доби мечот.

Голем дел од тенисерите беа воодушевени од овој потег, а шестиот тенисер во светот, Норвежанецот, Каспер Руд смета дека не требаше да биде признаен поенот на нашиот тенисер.

Тој на објавата на инстаграм напиша дека дефинитивно на Македонецот требало да му биде досуден престап.

Се вчитува...