Во Англија почна Европското сениорско првенство за жени на кое учествуваат 16 репрезентации поделени во 4 групи. Мечевите ќе се играат во Лондон, Манчестер, Шефилд и Саутхемптон.
На овој најголем европски собир на најквалитетните женски репрезентации Македонија ќе има двајца претставници. Тоа ќе биде интернационалката Ива Пројковска, во моментот нашата најдобра судијка, која е меѓу четирите планирани за четврти судии, но сигурно ќе добие шанса и да биде главен судија бидејќи првенството не долго.
Во Англија е и Роберт Марковиќ, одговорен за безбедност и интегритет во ФФМ, кој во градот Саутхемтон ќе се грижи за безбедноста на репрезентациите на Англија, Северна Ирска, Австрија и Норвешка. Од страна на УЕФА беше ангажиран и претседателот на Судискиот одбор на ФФМ Димитар Мечкаровски, кој во Луксембург беше контролор на судењето на првиот квалификационен натпревар за Лига на шампиони меѓу Дуделанж и албанскиот шампион Тирана./М.М/
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

