Младинскиот репрезентативец на Македонија, Марио Илиевски е ново засилување на унгарска Кишварда. Тој денеска потпиша тригодишен договор со унгарскиот вицешампион, со опција за продолжување на уште една година.
Илиевски во Кишварда доаѓа по одличните партии минатата сезона во бугарскиот Септември. Тој на 36 меча за тимот од Бугарија успеа дури 19 пати да се запише во листата на стрелците, а забелаж и шест асистенции.
Покрај за Септември, Марио Илиевски во кариерата играше и за Вардар Неготино и Тиквеш, а потекнува од младинската школа на најтрофејниот македонски клуб Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА