Витсел прво засилување за Атлетико Мадрид за новата сезона

Искусниот играч за врска Аксел Витсел и официјално беше претставен како нов играч на Атлетико Мадрид. Белгискиот репрезентативец е првото засилување на мадридските црвено-бели во овој преоден рок.

Во главниот град на Шпанија доаѓа како слободен играч од Борусија Дортмунд. Договорот беше потпишан на една година, до летото 2023 година.

Вицел кариерата ја почна во Стандард Лиеж, а потоа го носеше дресот на Бенфика, Зенит, кинески Тијанџин и Борусија Дортмунд. За репрезентацијата на Белгија одигра 124 натпревари и постигна два гола.

 

Се вчитува...