Филип Најдовски, Кристијан Тошевски и Енур Тотре и нивната Тирана ќе треба да надополнат негатива од 1-0 по првиот натпревар против луксембуршкиот Дуделанж во првото коло од квалификациите за новата сезона во Лигата на шампионите.
Нашите интернационалци го одиграа целиот натпревар во поразот на гостувањето кај Дуделанж. Клучниот момент се случи во 71. минута кога Мохин Хасан го постигна победничкиот гол за Дуделанж.
За издвојување од натпреварот се и двата црвени картони. Тој на домашниот фудбалер Кирх во 54. и на Лимај во таборот на гостите во 68. минута.
Во останатите натпревари од денешната програма во квалификациите во ЛШ: Тобол – Ференцварош 0-0, Бодо Глимт – Клаксвик 3-0 и Хелсинки – РФС 1-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

