Јувентус повторно извиси – Мората се врати во Атлетико Мадрид

Шпанскиот голгетер Алваро Мората во следната сезона ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид, потврди клубот од главниот град на Шпанија. 29-годишникот кој претходните две сезони ги мина на позајмица во Јувентус, има уште две години од договорот со „јорганџиите“, а тренерот Симеоне ќе смета на неговите услуги во иднина.

Мората кој беше дел од мадридскиот тим и во сезоната 2019/20 официјално го засили Атлетико во 2020 година по две сезони поминати во Челси, но веднаш следеше позајмица во Јувентус каде постигна 32 гола. Мората беше пред останување во Торино, но „црно-белите“ не успеаја да се договорат со шпанскиот гигант за нова позајмица.

Се вчитува...