Рафаел Надал утре нема да настапи во полуфиналето од Вимлбдон поради повреда. Шпанскиот тенисер кој се пожали на болки уште во четвртфиналната средба по деталните прегледи добил лоши вести откако дошло до кинење на абдоменалниот мускул, пренесуваат светските медиуми.
Станува збор за сериозна повреда и пукнатина од седум милиметри која ќе го оддалечи од теренот на подолго време, а во прилог не било ниту играњето со повреда против американскиот тенисер во маратонскиот натпревар кој траеше 4 часа и 20 минути.
Шпанскиот ас за противник во полуфиналето од Гранд слем турнирот требаше да го има Ник Кирјос, па по откажувањето на Надал, Австралијанецот противникот во големото финале ќе го дознае по мечот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Камерун Нори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

