Надал: Не можам да добијам два натпревари во ваква состојба, не сакам да го загрозам моето здравје

Рафаел Надал се повлече од настапот на Вимблдон поради повреда на абдоменалниот мускул. Шпанскиот тениски ас настапи со болки и во четвртфиналната средба против американскиот тенисер Тејлор Фриц, но по маратонскиот меч кој траеше 4 часа и 20 минути не успеа да ја санира повредата.

Шпанецот беше пред откажување и против Американецот, но преволада желбата за натпреварување, која сепак овој пат нема да биде доволна за полуфиналето против Ник Кирјос.

„За жал морам да се повлечам од турнирот. Видовте дека се мачам, а и јас знаев дека не сум во ред. Имам мускулна повреда, а и покрај тоа што во текот на целиот ден се мислев која одлука да ја донесам мислам дека нема смисла да настапам и покрај тоа што повеќе пати се обидував да играм во тешки околности. Мислам дека не можам да добијам два меча во ваква состојба, не можам да изведам сервис како што треба. Не сакам да излезам на терен и да не бидам конкурентен, а притоа дополнително да го загрозам моето здравје“, изјави Надал.

Се вчитува...