Чикаго булс донесе квалитетно засилување за ценарската позиција, потпишувајќи договор со Андре Драмонд. Станува збор за играч кој во периодот од 2015 до 2020 година, додека настапуваше за Детриот пистонс, дури четири пати беше најдобар скокач во лигата.
Во последните две сезони неговата форма се движеше во надолна линија, но во Чикаго се оптимисти дека ќе успеат да го вратат 28-годишниот центар во посакуваниот ритам. Договорот е потпишан на две години, период во кој Драмонд во Чикаго ќе заработи 6,6 милиони долари.
Искусниот центар ја почна ланската сезона во Филаделфија, по што се пресели во Бруклин, при што во просек реализираше по 7,9 поени и 9,3 скокови по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

