Легендарниот српски кошаркар Дејан Бодирога наскоро би можел да стане прв човек на Евролигата. Европските медиуми пренесуваат дека Србинот би требало да го наследи Бартомеу на позицијата прв човек во елитното натпреварување, но се чини дека тоа нема лесно да помине.
Според шпанските медиуми кошаркарската легенда има големи противници во Барселона, Реал Мадрид, Басконија, Анадолу Ефес и Фенербахче. Шпанските и турските клубови не го сакаат Бодирога на чело на Евролигата, бидејќи се загрижени за своите интереси по заминувањето на Жорди Бартомеју од позицијата прв човек на натпреварувањето.
Сопствениците на овие клубови се незадоволни и што се уште АСВЕЛ и Баерн Минхен немаат права како и останатите клубови и што поголемиот број клубови константно ја одложуваат промената на нивниот статус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА