Чест, но и обврска: Педри ја зеде „осумката“на Иниеста во Барселона (видео)

Навивачите на Барселона во младиот Педри гледаат како на лидер на каталонскиот гигант во годините што доаѓаат, откако одличниот плејмејкер имаше серија одлични настапи минатата сезона, во која за жал се соочи и со низа проблеми со најразлични повреди.

Педри е подготвен да сврти нов лист и да ја преземе лидерската улога, па така младиот ас се реши во новата сезона да го земе дресот со број осум, што долги години го носеше легендарниот Андрес Иниеста.

„Осумката“ на Барселона е голема чест, но и обврска, па останува да се види како Педри ќе одговори на овој предизвик.

 

/p>

Се вчитува...