„Доброто момче Кирјос“: Рафа се надевам дека брзо ќе се опоравиш

Рафаел Надал го предаде без борба полуфиналниот меч на Вимблдон против Ник Кирјос поради повреда на стомакот. Шпанскиот тенисер така ги загуби шансите да го освои календарскиот-слем откако претходно сезонава стигаше до трофеите на Австралија опен и Ролан Гарос.

Иако нема многу љубов меѓу Кирјос и Надал, сепак Австралиецот овојпат ја покажа и својата добра страна посакувајќи му на популарниот Рафа брзо опоравување.

„Различни играчи, различни личности. Рафа, се надевам дека брзо ќе се опоравиш и сите се надеваме дека наскоро ќе те видиме здрав. До следниот пат…“, напиша Кирјос на инстаграм. 

Инаку ова за Ник Кирјос ќе биде прво гранд-слем финале во кариерата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nick Kyrgios (@k1ngkyrg1os)

Се вчитува...