Сандра Даглас Морган стана првата Афроамериканка на чело на некоја НФЛ франшиза откако е именувана за претседателка на Лас Вегас Рејдерс. Пред него што ја прифати позицијата во Рејдерс, Морган беше потпретседателка на организациониот одбор на „Супер-боул“ во Лас Вегас, а ја обавуваше и должноста претседателка на одборот за контрола на игри во Невада од 2019 до 2021 година.
Исто така работеше и како обвинителка во Лас Вегас и адвокатка во „МГМ интернешнл“.
„За мене е неверојатна чест да им се придружам на Рејдерс во еден од најважните моменти во историјата на клубот“, изјави Морган.
Рејдерс во 2020 се преселија од Оукленд во Лас Вегас, а веќе долги години наназад носат историски одлуки. Во 1979 година беа првата „франшиза“ која ангажираше тренер со латиноамериканско потекло, а десет години подоцна го имаа и првиот црноморест главен тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

