Македонски воин: Волкановски три и пол рунди се борел со скршена шака (ФОТО)

Александар Волкановски ја одбрани титулата во УФЦ шампионатот до 66 килограми откако славеше во мечот против Макс Холовеј. Со новата победа австралискиот борец со македонско потекло стана само четвртиот борец во историјата што триумфирал на своите први 12 борби во УФЦ, приклучувајќи се во елитното друштво на врвните шампиони Андерсон Силва, Камару Усман и Хабиб Нурмагомедов.

Победата на Македонецот е уште поимпресивна со оглед на тоа што откри дека во втората рунда од борбата го скршил палецот. Поради истото ќе мора на операција, а по неа и пауза од 12 недели.

„Го скршив палецот во втората рунда од борбата, но тоа не сме спречи. По операцијата ме чека рехабилитација од 12 недела. Едвај го чека враќањето, ви благодарам на сите за поддршката“, напиша 33-годишникот.

 

Се вчитува...