Макс Ферстапен ќе тргне од првата позиција на утрешната спринт-трка за ГН на Австрија откако актуелниот светски првак славеше во денешните квалификации за пол-позицијата.
Финалната квалификациска рунда мина во знакот на фијаското на Мерцедес, откако најпрвин Луис Хамилтон, а потоа и Расел, излетаа од патеката, оштетувајќи ги своите болиди. Поради ова следеа паузи од по неколку минути, за кога конечно се стигна до завршницата од квалификациите да следи вистинската драма – Леклер оствари подобро време од она што до тој момент го имаше Ферстапен, но асот на Ред Бул беше најбрз во својот последен „летечки круг“ и на воодушевувањето на домашните фанови стигна до пол-позицијата.
Крај него од второто место утре ќе стартува Леклер, додека третопласиран во денешните квалификации беше вториот возач на Ферари, Карлос Саинц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА