Вардар ги стартуваше подготовките за новата сезона, а управата на „црвено-црните“ паралелно со тоа работи на ангажман на нови засилувања, се со единствена цел – камбек во елитното друштво.
Кристијан Николовски е најновото засилување на „црвено-црните“ откако управата на Вардар се договори со овој свој поранешен фудбалер да се врати назад во клубот. Николовски е фудбалер за врска и доаѓа меѓу „вардарци“ од таборот на Борец Велес.
Претходно, „црвено-црните“ ги засилија своите редови и со Филип Јаневски, Симеон Христов, Јован Попзлатанов и Дарио Десниќ, со јасна цел да биде составена екипа што ќе обезбеди влез во Првата лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА