Поранешниот шпански тенисер, Алекс Коречија изјави дека Рафаел Надал направил добра одлука што се повлече од Вимблдон.
Тој смета дека неговиот сонародник немаше да има никакви шанси да победи против Ник Кирјос во полуфиналето, но и некако ако успеел тој меч да го помине ќе загубел од Ѓоковиќ во финалето.
„Штета што Надал се откажа. Но, да бидеме искрени го очекував тој потег. Се бореше силно против Фриц, но сфати дека нема да може да игра на тоа ниво и понатаму. Повреден немаше никакви шанси да го добие Кирјос или пак потоа Ѓоковиќ во финалето“, изјави Коречија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

