Ердал Ракип заработи нова повреда играјќи за неговиот тим Малме. Тренерот на домашниот дуел, на денешниот меч против Варберг, мораше да го замени македонскиот репрезентативец уште во 34. минута откако се пожали на повреда.
Ракип имаше веќе една повреда од која се врати. Тој поради ова е неизвесен за настап во вторник против Викингур во квалификациите во Лигата на шампионите. По првиот меч Малме има предност од 3-2.
Дополнителните прегледи ќе покажат колку ќе паузира репрезентативецот, кој не беше во комбинација за дуелите од Лигата на нации во јуни поради приватни причини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

