Пелистер го промовираше Бакрачески

Наумче Бакрачески е нов фудбалер на Пелистер. Битолскиот тим денеска го промовираше засилувањето, кое е уште едно во низата со кое „зелените“ ќе се борат за враќање во прволигашката конкуренција.

Бакрачески доаѓа од таборот на Брегалница, а во минатото играше и за Тиквеш.

Досега Пелистер ги промовираше Никола Наумовски, Христијан Гроздановски, Бурхан Мустафов, Филип Миленковски, Благоја Љамчевски и Илче Петровски.

Се вчитува...