И покрај ангажманот на Онана, Интер му го продолжи договорот на Хандановиќ

Голманот на Интер, Самир Хандановиќ го продолжи договорот со клубот до 2023 година. Со тоа продолжува авантурата на словенечкиот голман со тимот од Милано која трае веќе 10 години.

Хандановиќ стигна во Интер во 2012 година од таборот на Удинезе, и одигра преку 400 натпревари во дресот на „нероазурите“, со кои ја освои титулата минатата сезона. Тој веќе 10 години е неизоставен дел од поранешниот италијански првак.

Инаку Интер пред почетокот на оваа сезона го ангажираше досегашниот голман на Ајакс, Андре Онана. Со новиот договор на Хандановиќ, на Камерунецот не му е загарантирано местото меѓу диреците на италијанскиот вицепрвак.

Се вчитува...