Новата шампионка на Вимблдон, Елена Рибакина после триумфот над Онс Жабер, истакна дека во текот на мечот за трофејот била нервозна, но дека после победата се чувствува многу среќна.
Рибакина дојде до првиот грен-слем трофеј после пресвртот во финалето.
„Бев многу нервозна во текот на мечот и пред него, но среќна сум што се заврши. Никогаш не сум почувствувала вакво нешто. Се заблагодарувам на публиката на поддршката која беше фантастична, неверојатна во текот на целиот турнир“, изјави Рибакина.
Тенисерката која е родена во Москва, честиташе на ривалката за добриот турнир во Лондон.
„Сакам да и честитам на Онс на сјајниот меч и за се што направи. Мислам дека е инсипирација за младите генерации. Одлично играше, и беше убаво да се игра против тебе“, рече Казахстанката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

