Машката селекција на Македонија стигна до победа во подготвителниот натпревар одигран денеска во „Кале“ против селекцијата на Швајцарија.
Македонскиот младински репрезентативен тим имаше одличен финиш во „контролата“ против швајцарскиот. Македонија имаше постојано водство во текот на играта кое во првите десет минути беше (26:23),а на полувремето уште повисоко (47:39).
Швајцарија ја доби третата четвртина со минимални (15:13), но затоа во последниот период беа симнати дилемите околу конечниот успех.
Марко Миловановиќ беше најефикасен играч, реализираше 19.поени. Петков дополни со 12, а Петрушевски со уште 11. поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА