Возачот на Астон Мартин Себастијан Фетел, условно е казнет поради тоа што без дозвола го напуштил состанокот на возачите на Формула 1.
Четирикратниот шампион на Ф1 ќе мора да плати 25.000 евра казна доколку направи уште еден прекршок сезонава.
Возачите на Формула 1 се загрижени поради примената на правилата на стјуардите оваа сезона, а на состанокот се разговарале токму на таа тема, пренесува „Скај“.
Се наведува дека Фетел и Алонсо биле прилично нервозни и бурни на тој состанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА