Еклстоун се извини за изјавите за Путин: Најдобро е да симнам некои работи од срцето

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун се извини поради коментарите за рускиот претседател Владимир Путин.

91-годишниот Еклстоун кој нема никаква улога во Формула 1 во моментов, го предизвика гневот откако кажа дека би примил куршум за Владимир Путин.

Исто така рече дека украинскиот претседател Володомир Зеленски може да ја заврши војната доколку разговара со Путин.

„Веројатно е добро за мене да ги отстранам некои работи од срцето кои ме мачеа околу тоа што реков. Често луѓето кажуваат некои работи без размислување, и веројатно јас го направив истото“, рече Еклстоун. 

Се вчитува...