Еден од најдобрите македонски кикбоксери, Бобан Илиоски запиша победа со прекин во првата рунда против Полјакот Јакуб Смигиелски и го освои појасот и престижниот пехар на престижниот турнир СЕНШИ во Свети Константин и Елена кој се одржува во Варна, Бугарија.
Илиоски извојува извонреден триумф на престижниот турнир кој традиционално се одржува по правилата на КВУ фул контакт во категоријата до 85 килограми.
На турнирот на кој се натпреваруваа борачи од 20 држави, наградата ја додели неколку кратниот светски шампион во К1, легендарниот Семи Шулц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА