Милан долго време се интересираше за Елиф Елмас, но огромната отштета што ја бараше Наполи беше причина Паоло Малдини да се „олади“ од идејата за ангажман на македонскиот „дијамант“.
Наместо Елмас, „росонерите“ го насочија своето внимание кон Чарлс де Кетеларе, белгискиот суперталент кој на 21-годишна возраст веќе се наметна како еден од лидерите на Бриж. Станува збор за играч со квалитети многу слични на оние на Елмас, со оглед на фактот дека е „универзалец“ и одлично се снаоѓа на сите делови од средниот ред, како крило, а најдобар е како „плејмејкер“, веднаш зад главниот напаѓач.
Лидс понуди 35 милиони евра за Де Кетеларе, Бриж сакаше да ја прифати понудата, но самиот фудбалер веќе стави до знаење дека сака да замине во Милан. Италијанскиот првак веќе десетина дена води преговори со Бриж и двата клуба се многу блиску до договор, белгискиот првак би имал загарантирани 25 милиони евра отштета, плус дополнителни пет милиони евра преку лесно остварливи клаузули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА