Најголемиот пресврт во историјата на тенисот

Шпанската тенисерка Марина Басолс е сопственичка на најголемиот пресврт во историјата на овој спорт.

263. тенисерка во светот во квалификациите на ВТА турнирот во Будимпешта со 2-1 славеше над белорусинката, Јулија Хатук. Интересно е тоа што Шпанката откако го загуби првиот сет со 6-0, во вториот имаше негатива од 5-0 и 30-0.

Таа успеала со седум гејма во низа да го добие вториот сет со 7-5, а одлучувачкиот го добила со 6-4 и со тоа успеа да го направи најголемиот пресврт во историјата.

Се вчитува...