Избегната трагедија во Австрија: Сајнц се спасуваше од запалениот болид на Ферари (ВИДЕО)

Во текот на 57. круг на трката за ГН на Австрија на патеката „Ред Бул Ринг“, за малку ќе се случеше трагедија. Болидот на возачот на Ферари Карлос Сајнц се запали, а тој во последен момент успеа да го напушти и тоа додека уште беше во движење.

Така е избегнат поголем инцидент, а Сајнц после оваа случка остана да седи разочаран неверувајќи што му се случи со неговиот болид. На крајот малку причина за среќа за Ферари имаше Шарл Леклер кој на крајот славеше на трката.

Се вчитува...