Брегалница и Работнички одиграа натпревар без голови во Штип

Фудбалерите на Брегалница и Работнички одиграа без победник (0-0) на пријателскиот натпревар кој попладнево се одигра одигра на Градскиот стадион во Штип.

Во главно израмнет натпревар, домашните имаа нешто повеќе можности за погодок и триумф против „романтичарите“, но не успеаја да дојдат до посакуваниот гол. Шанса и во двете екипи на натпреварот добија поголемиот дел од актуелните расположиви сили.

Како што е познато, во првиот пријателски натпревар од стартот на подготовките Брегалница претходно славеше со 2-0 против прилепска Победа со головите на Ѓокиќ и на Додев.

Се вчитува...