Монца подготвува трансфер „бомба“ – Луис Суарез

Легендарниот уругвајски напаѓач Луис Суарез, е во потрага по нов клуб откако му истече договорот со Атлетико Мадрид. 35-годишниот Суарез беше пред трансфер во Ривер Плата, но сега е јасно дека тоа нема да се случи. Уругваецот наводно сакал да остане во Европа.

Сега ќе може да му се исполни желбата и да игра во Италија, во тимот на Монца. Амбициозниот тим на чие чело е легендарниот Силвио Берлускони, сака да го ангажира Уругваецот, и тоа би било голема „бомба“ во Серија „А“.

Суарез сериозно размислувал околу оваа понуда, а му нудат договор со пет милиони по сезона. Суарез пред две години беше блиску до Јувентус, но тогаш трансферот не се случи, па тој замина во Атлетико Мадрид.

Монца во овој преоден рок доведе 10 играчи, а осигура и две позајмици. Најмногу се истакнуваат Сенси од Интер и Песина од Аталанта, кои се на позајмица во овој тим.

Се вчитува...