Е-спортот повторно на врвот: Македонија се закити со злато и стана европски шампион во Кантер Страјк!

Кантер страјк репрезентацијата на Македонија го освои европското првенство откако во финалето славеше над тимот на Украина, 2-1.

Во големото финале Македонија преку пресврт, првата мапа „Даст 2“ им припадна на Украинците, но во продолжение на „Мираж“ и „Вертиго“ славеа нашите репрезентативци.

На „Кантер Страјк Глобал Офенсив“ нашите „кантераши“ со леснотија стигнаа до златниот медал и ги обединија најпрестижните титули во овој спорт. Претходно, триумфираа во Европскиот Куп на нации, а пред осум месеци станаа светски прваци.

Павле Стојановски, Даниел Глигоров, Александар Кјулукоски, Дамјан Стоилковски и Јане Апостоловски, се момците кои ја израдуваа Македонија со злато.

Се вчитува...