Ромео Бекам во стилот на својот татко: Спектакуларен гол од слободен удар (ВИДЕО)

Ромео бекам за момент потсети на својот легендарен татко, Дејвид, откако успеа да постигне спектакуларен гол од слободен удар за Интер мајами.

Имено Ромео настапи на натпреварот против резервниот тим на Орландо Сити и постигна фантастичен гол. Синот на Бекам покажа дека е мајстор и во слободен удар бидејќи постигна одличен гол од речиси 25 метри кој деновиве се врти во фудбалската јавност.

Овој гол на Инстаграм го објави и Дејвид Бекам, кој изјави дека е многу горд на својот син кој го постигна деби голот за Интер и тоа го направи на навистина посебен начин.

Бекам има три сина, но Ромео е единствениот кој се уште е во светот на фудбалот. 19-годишникот игра за резервниот тим на Интер Мајами и деновиве е во центарот на вниманието.

 

 

 

Се вчитува...