Дембеле пристигна во Каталонија, следуваат лекарски прегледи и потпис со Барса (ВИДЕО)

Усман Дембеле е без клуб веќе две недели откако му истече договорот со Барселона и трпеливо чекаше понуди од клубовите за да ја донесе својата одлука.

Дембеле од почетокот имаше понуда од Барселона да остане на „Камп Ноу“, но тој веднаш не го прифати договорот бидејќи неговиот агент Муса Сисоко не беше задоволен од условите кои му ги понуди Барселона.

Сепак, Французинот одлучи и реши да остане во Барселона. Офанзивецот синоќа пристигна во Барселона, каде го пречека група фоторепортери.

Дембеле денеска веќе би требало да има лекарски преглед во каталонскиот клуб и ќе потпише двегодишен договор со Барса според кој ќе заработува десет милиони евра по сезона.

Тој се согласи да ја намали платата за да и помогне на Барселона, но се чини дека навистина немаше избор бидејќи немаше други понуди.

 

 

 

Се вчитува...