Русинот Аслан Карацев и Грузиецот, Николос Башилашвили се вмешани во скандал за местење тениски натпревари, пренесува германскиот „ЗДФ“. Во скандалот е вмешан нивниот поранешен тренер, Белорусинот, Јахор Јацик.
Во документите до кои дошол „ЗДФ“ се наведува дека Јацик им нудел пари на двајцата да местат натпревари, а под истрага се „шест сомнителни“ натпревари, од кои последниот се случил на турнирот во Штутгарт годинава.
Башилашвили во моментов е на 26. позиција на АТП листата, а Карацев е 42, но и двајцата во еден дел од кариерата беа меѓу дваесетте најдобри.
„И Аслан и Николос се неверојатно талентирани тенисери, но имаа финансиски проблеми, а сомнителните натпревари ги играле во време на кариерата кога бележеа лоши резултати“, изјавил неименуван извор за „ЗДФ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

