Роберт Левандовски ги прави завршните чекори од трансферот во Барселона. Полјакот вчера стигнал во Минхен, но без семејството, а голем од медиумите тоа го пренесоа како простување од соиграчите и од Баерн Минхен.
Според информациите веќе утре еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња ќе го комплетира трансферот во Барселона.
„Добро сум“, само кратко искоментирал Левандовски на прашањето на „Билд“.
Во меѓувреме од Полска стигнуваат вести дека трансферот со Барселона е готов. Двете страни веројатно се договориле, и Барса ќе им исплати на „Баварците“ 50 милиони евра. Лева со „каталонците“ ќе потпише договор на три плус една година.
Како што стојат работите трансферот ќе биде реализиран утре, а во четврток ќе се случи и официјалната промоција. Со тоа Барса ќе добие врвен голгетер во своите редови.
Баерн, пак, ќе мора да бара негова замена. Како најсериозни кандидати се споменуваат Виктор Осимен од Наполи и Тимо Вернер од Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

