Искусниот португалски фудбалер Нани, се одлучи да ја напушти Венеција по само шест месеци. Тој се одлучи да не продолжи во Италија, туку во Австралија каде што ќе игра за Мелбурн Виктори.
Иако се очекуваше да ја заврши кариерата, сепак, искусниот 35-годишен фудбалер се одлучи да ја прифати понудата од Австралија и да игра и таму.
Во минатото играше во МЛС Лигата во дресот на Орландо, а беше дел и од Манчестер Јунајтед.
Интересно беше преставувањето од страна на Мелбурн Виктори, кој на спектакуларен начин го промовираше Португалецот.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

