Англискиот премиер-лигаш Челси е заинтересиран за услугите на Германецот, Серж Гнабри. Германецот имаше одлична сезона во Баерн Минхен, а на „Стемфорд Бриџ“ го гледаат како алтернатива за Хаким Зијеш кој најверојатно ќе замине на едногодишна позајмица во Милан.
Откако „сините“ од Лондон не успеаја да го доведат во своите редови фудбалерот на Лидс, Рафиња, тие се насочуваат кон одличниот напаѓач на Баерн Минхен. Гнабри на „Алијанц арена“ стигна во 2017 година. За Баварците запиша 122 настапи на кои постигна 45 гола.
Четири пати беше дел од тимот кој ја освојуваше Буднеслигата, а во 2020 година се радуваше и на трофејот во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА