Легендарниот англиски фудбалер, Вејн Руни е пред промоција како нов тренер на американскиот клуб Ди-Си Јунајтед. Руни кој по неславната сезона и испаѓањето во Лига 1 го напушти Дерби Каунти ќе се врати во клубот во кој помина две години.
Тој како играч ги бранеш боите на клубот од главниот град на Соединетите Американски Држави од 2018 до 2020 година каде премина од редовите на Манчестер јунајтед. Ди-Си Јунајтед би требало да биде втор тренерски ангажман за Руни, по Дерби Каунти, клуб во кој ја заврши играчката кариера.
Ди-Си Јунајтед катастрофално ја почна новата сезона во МЛС лигата. Досега тимот од Вашингтон е на претпоследната позиција во источната конференција со минимални шанси за пласман во плеј-офот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

