Мурињо во Рома носи поранешен фудбалер на Реал Мадрид

Жозе Мурињо не го криеше назадоволството од преодниот рок во кој Рома ангажираше само три фудбалери од кои два како слободни играчи. На „Стадио Олимпико“ пристигнаа Немања Матиќ, Зеки Челик и Миле Свилар, но наскоро португалскиот стратег би можел да добие екстра играч.

Имено, италијанскиот клуб влегол во трката за Хамес Родригез кој посакува камбек во Европа по неуспешната мисија со Ај Рајан во катарското првенство, а за тоа веќе ја одбил и понудата на бразилскиот клуб Ботафого.

Колумбиецот кој во минатото ги бранеше боите на неколку европски великани како Порто, Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе биде од голема помош за Рома кој претходната сезона ја заврши на шестата позиција во Серија А.

Се вчитува...