Русите и Белорусите ќе добијат забрана и за ОИ во Париз?

На спортистите од Русија и од Белорусија, можеби нема да им биде дозвлено да се натпреваруваат на ОИ во Париз 2024 година, поради инвазијата на Русија над Украина, рече поранешниот член на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Крејг Реди.

Олимпискиот комитет пред неколку месеци издаде насоки на спортските тела да ги отстранат спорстите од двете земји од меѓународните натпреварувања.

„Ќе мора да се донесе одлука што ќе се прави со овие две земји, а мојата претпоставка дека не би требало да се натпреваруваат во Париз“, рече Реди. 

Спортистите од Русија ќе ги пропуштат квалификациските натпревари за Париз. Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бај рече дека учеството на Русија останува нејасно. Меѓутоа засега рускиот олимписки комитет не е санкциониран од страна на МОК, а ниту МОК им забранил на руските членови да учествуваат на олимписки турнири.

Се вчитува...