Ерик тен Хаг имаше феноменално деби на клупата на Манчестер Јунајтед откако „црвените ѓаволи“ попладнево во Бангкок го декласираа Ливерпул со 4-0.
Ова беше прв меч на екс-тренерот на Ајакс на чело на „црвените ѓаволи“, тој има причина да биде задоволен, но јасно стави до знаење дека нема да дозволи оваа победа да предизвика еуфорија во подготвителниот период.
„Задоволен сум, бидејќи покажавме тимски дух и карактер, што е многу важно кога почнувате со нова епизода. Сепак, не гледам простор за еуфорија, ова беше само еден натпревар и една победа, на почетокот од подготвителниот период. Она што ме радува најмногу беше брзината и креативноста во нападот, покажавме многу работи што ми се допаднаа. Сепак, беше далеку од перфектно, имавме многу грешки што се нормална работа. Како што реков, пред нас е многу, многу работа за да изградиме нешто ново, на здрави нозе“, изјави Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

