Бразилскиот крилен напаѓач Родриго, беше еден од хероите на Реал Мадрид во освојување на 14-тата титула европски првак на тимот. Трофејот ќе влезе во еден од најскапоцените, со оглед дека на патот до финалето, „кралевите“ елиминираа големи тимови како ПСЖ, Челси, Манчестер Сити, за во финалето да го совладаат и Ливерпул.
Родриго беше херој на натпреварот против Манчестер Сити на „Сантијаго Бернабеу“. Бразилецот со два гола во 90. и во 91. минута ја надомести негативата од два гола, за Карим Бензема во продолженијата го комплетираше пресвртот за пласман на Реал во големото финале.
Сега Родриго ќе добие нов, подобар договор. Исто како и неговите сонародници Винициус и Милитао. Новиот договор би требало да биде на шест години, а да има откупна клаузула од 1 милијарда.
Родриго досега собра 108 настапи за Реал, а покрај Лигата на шампионите, има освоено и две титули и еден Куп на Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

