Ќе се случи ли пресврт со Левандовски? Полјакот насмеан на тренинг на Баерн

И покрај тоа што многумина веќе го преселија во Барселона, Роберт Левандовски можеби на крајот ќе се реши да остане во Баерн Минхен, со оглед дека двата тима не можат да се договорат околу отштетата.

Полјакот утрово се појавил на тренингот на Баерн Минхен во добра атмосфера и насмеан, иако вчера се најавуваше дека пристигнал во Минхен за да се збогува со своите соиграчи и од утре да му се приклучи на тимот на Барселона.

Во секој случај сагата и натаму продолжува, а многу брзо ќе се знае во кој тим ќе игра Левандовски. Барселона не може да го дозволи додека не продаде играч, а нивен приоритет е десно крило (Рафиња од Лидс). Доколку Де Јонг не замине во Манчестер, тогаш тешко дека Лева ќе „слета“ на Ноу Камп.

 

Се вчитува...