Англискиот премиер-лигаш Тотенхем на победнички начин ги стартуваше подготовките за новата сезона. Избраниците на Антонио Конте во пријателски натпревар беа подобри од „ол-стар“ тимот на корејската К-лига со 3-6.
Во еден феноменален натпревар со многу голови, кој поради добиениот црвен картон на фудбалерот на домаќините Ким Донг-Мин на моменти изгледаше и како натпреаврувачки гостите од Англија поведоа со 0-1 со голот на Дајер во 30. минута. До крајот на првиот дел домаќините израмнија на 1-1 преку Чо Гуе-Сонг.
Со автоголот на Ким Јин-Хјеок Тотенхем поведе со 1-2, а пет минути подоцна Велдвијк израмнија на 2-2. Кејн и Сон набрзија донесоа водство од два гола (2-4) за гостите, по што следуваше погодокот на Амано во 71. минута за 3-4. До крајот Кејн и Сон со по уште еден гол ги поставија конечните 3-6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

