Францускиот Сенат состави посебен извештај во кој е докажано дека навивачите на Ливерпул не се виновни за хаосот кој настана воочи финалето од Лигата на шампионите меѓу англискиот клуб и Реал Мадрид.
За потсетување, натпреварот кој се играше на „Стад де франс“ доцнеше поради големиот метеж на влезот на стадионот, а првите информации кои ги понуди француската полиција и организаторот УЕФА говореа дека се тоа е епилог од тоа што голем број на навивачи на Ливерпул имале лажни билети за натпреварот со кои сакале да влезат на стадионот.
Сепак, францускиот Сенат донесе друга одлука, така да освен невиност за навивачите на Ливерпул нагласи дека со првичните информации „организаторите сакале да го одвратат вниманието на јавноста од сопствените големи грешки“.
Како причина за хаосот поради кој мечот доцнеше повеќе од 30 минути членовите на Сенатот ја означија слабата комуникација, лошата работа и обученост на чуварите како и неадекватната реакција во случај на кризна ситуација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

