„Лавовите“ водеа со 2-0, па загубија од Стеауа Букурешт

Македонскиот фудбалски прволигаш, Македонија Ѓорче Петров загуби со 2-3 од поранешниот европски шампион и романски гигант Стеауа Букурешт како дел од подготовките во Банско пресрет дуелот против ЦСКА Софија во 2. коло од најмладото натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.

„Лавовите“ навистина може да жалат што го загубија натпреварот бидејќи по првото полувреме имаа предност од 2-0 и играч повеќе уште од деветата минута на натпреварот кога Јанчу доби директен црвен картон. Стрелец на двата гола за тимот од Ѓорче Петров беше Мартин Јовановиќ во 9. и 21. минута. Во вториот дел Романците до целосен пресврт успеаја да стигнат со погодоците од пенал во 53, 73. и 82. минута.

Претходно на подготовките во Банско, Македонија ЃП го победи Мавлон со 3-0, одигра реми со Поли Јаси 1-1 и загуби од кипарски АПОЕЛ со 0-2.

Се вчитува...