Англискиот фудбалски репрезентативец, Рахим Стерлинг и официјално е претставен за нов фудбалер на лондонскиот Челси. Тој и официјално стана првото засилување во „ерата“ на Тод Боли на „Стемфорд Бриџ“.
Англичанецот потпишал пет годишен договор со лондонскиот клуб, а „сините“ на големиот ривал од Манчестер ќе треба да му исплати 47,5 милиони фунти, плус бонуси кои може да достигнат до сума од 2,5 милиони фунти.
Покрај Стерлинг, на пат кон Лондон е и дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали кој за 40 милиони евра треба да премине на „Стемфорд бриџ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

