Новиот прволигаш прилепска Победа и Работнички одиграа контролен дуел кој заврши без голови 0-0. Двата тима годинава ќе имаат прва цел да обезбедат опстанок во елитното натпреварување, но со квалитетот на ростерите кои ги имаат може да се вмешаат и во борбата за излез во Европа следната сезона.
И прволигашот Тиквеш го одигра својот прв контролен натпревар како дел од подготовките за новата сезона во елитата. Кавадарчани славеа на домашен терен против второлигашот Каменица САСА со минимални 1-0. Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Александар Мишов во првото полувреме.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

