Вечерва на програмата беа преостантите реванш натпревари од 1. квалификациско коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Поранешниот „вардарец“, Тигран Барсегијан е еден од хероите на словачката, Слован Братислава.
Тој во победата на неговиот тим на гостувањето во Грузија, кај Динамо Батуми од 1-2, го постигна голот за изедначување во 115. минута, откако претходно домаќините со 1-0 поведоа со голот на Давиташвили во 104. минута. Конечните 1-2 ги постави Владимир Вајс во 121. минута, а овој гол значеше и пласман понатаму за Словаците бидејќи првиот меч заврши без победник 0-0.
Унгарскиот Ференцварош по ремито 0-0 на првиот меч против казахстански Тобол, овојпат ја оправда фаворитската улога и славеше на домашен терен со 5-1. Пласман понатаму обезбеди и словенечкиот Марибор кај славеше на гости кај Солигорск со 0-2.
КВАЛИФИКАЦИИ ЛШ 1. КОЛО РЕЗУЛТАТИ:
Динамо Б. – Слован Братислава (1-2)
Класвик – БОДО Глимт (3-1)
Солигорск – Марибор (0-2)
Ференцварош – Тобол (5-1)
Клуж- Пјуник (2-2) пенали (3-4)
Линфилд – ТНС (2-0)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

