Сагата за заминувањето на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед продолжува. Португалскиот ас сака да замине од „црвените ѓаволи“, за неговиот потпис се заинтересирани Челси, Баерн Минхен, Рома и Наполи, а во целата ситуација се вмешал и клуб од Саудиска Арабија, пренесуваат португалските медиуми.
Засега не се открива за кој клуб станува збор, но познати се сумите кои се нудат за негов трансфер. Имено, целата приказна вреди 300 милиони евра од кои 30 отсто ќе добие Манчестер Јунајтед за трансферот, 20 отсто ќе добијат посредниците, а 250 милиони евра ќе „легнат“ и на сметката на Роналдо за двегодишен договор.
Доколку се реализира трансферот Кристијано Роналдо ќе го престигне Нејмар како најскап трансфер во историјата на фудбалот, но за истото шансите се мали. Португалецот и покрај тоа што има 37 години цели кон настап на високо ниво и во следните години, а како една од причините за заминување од Манчетер е желбата за настап во Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

